Правила и услови на користење

Термини и услови

Оваа интернет страна, со домеин www.24bestshop.com, во сопственост на 24BestShop Online Platforms, е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба  и/или купување на производи и услуги.

Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната www.24bestshop.com , внимателно да ги прочитате.

24BestShop не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.

Општи услови

Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. 24BestShop Online Platforms не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт.

Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на 24BestShop Online Platforms и се заштитени со авторско право и сродните права.

Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна.

Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.

За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот.

24BestShop Online Platforms го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:

–    Постои ризик од губење на битни информации при преводот

–    Нема иста или слична терминологија на македонски јазик

Услови и правила за купување

Цените на сите производи на www.24bestshop.com се изразени во денари со вклучен ДДВ.

24BestShop Online Platforms го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

За купување на производи преку www.24bestshop.com важат редовните малопродажни цени.

Количините на производите се ограничени. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите.

Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на 24BestShop Online Platforms.

Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.

Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака.

По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, 24BestShop Online Platforms има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

По извршувањето на онлајн нарачката операторите на 24BestShop Online Platforms се јавуваат на потрошувачот за да ја потврдат нарачката и оставените податоци за достава. Доколку адресата за достава е надвор од регионот за достава на доставувачите на 24BestShop Online Platforms, нарачката ќе биде откажана и не сме обврзани да ја испратиме. Регионите за достава може да варираат во зависност од моменталните доставувачи.

Поддршка на корисници

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот 070 553 743 кој е достапен во периодот од 09:00 часот до 18:00 часот или да не комуницирате 24/7 преку нашиот e-mail info@24bestshop.com

Политика на испорака на производи

Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија.

Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.

Можете и да ги изненадите Вашите блиски и да побарате достава на нивна адреса, при тоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака.

Цената на испораката во Македонија изнесува 110 ден.

Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 72 часа (За Македонија) од моментот на потврдa на нарачката. Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. 24BestShop Online Platforms го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот.

Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници.

Испорака во сабота по 15 часот, во недела и на државни празници не се врши.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.

Доколку нарачката е направена по 17 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака.

Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот.

Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.

Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.

Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, 24BestShop Online Platforms не може да превземе никаква одговорност.

Прием на производи

Производот/ите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда или се превземаат од локалната база на Карго Експрес.

Производот/ите се спакувани во соодветни кутии, како заштита од евентуални оштетувања и се осигурани од губење или оштетување за време на транспортот.

Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број за подршка на корисници и кај лицето кое ја врши испораката, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот/ите нема да бидат прифатени.

Враќање и замена на производи

Купувачот има право да врати купен производ во период од 7 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.

Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот.

Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.

Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка или Фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.

КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА 24BestShop Online Platforms, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.